Search

ЕП во вторник ќе гласа за предлогот Урсула фон дер Лајен да застане на чело на ЕК

Европскиот Парламент во вторник вечер ќе гласа за предлогот на Европскиот совет Урсула фон дер Лајен да ја предводи Европската комисија, соопшти денеска прес службата на ЕП.

Според западните агенции, се предвидува претходно во вторник Фон дер Лајен да им се обрати на европратениците во пленарната сала на ЕП. Таа пред нив треба да ги изложи контурите на нејзината програма за работа.

Раководството на ЕП денеска го утврди дневниот ред за седницата во вторник според кој предвидено е пред гласањето европратениците повторно да можат да го видат предлогот на шефовите на држави и влади од ЕУ за распределба на високите функции во Унијата. Доколку договорот се отфрли и Фон дер Лајен не ги добие потребните 376 гласа за избор на функцијата, Европскиот совет ќе треба во рок од еден месец да даде нов предлог.
Сослушувањето на Фон дер Лајен во главните парламентарни групи неделава покажа дека таа е пресретната од европратеници со нагласено различни интереси и ставови.
Треба да знаете
Последни објави