Search

Епски пресврт во Лисабон: ПСЖ за 120 секунди ја нокаутира Аталанта за полуфинале во ЛШ

Пари Сен Жермен направи неверојатен пресврт против Аталанта (2-1) и ќе патува во четвртфиналето на завршницата од Лигата на шампионите која се игра на стадионот „Да Луж“ во Лисабон.

Францускиот првак патеше речиси цел натпревар против Аталанта, имаше негатива од 1-0 до 90.минута и потоа во три минути со луд пресврт стигна до неверојатен триумф за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Кога не можат Нејмар и Мбапе, тогаш „светците“ како џокери ги извлекоа од ракав Маркињос и Чупо-Мотинг. Бразилецот израмни во 90.минута, а Максим Чупо Мотинг три минути подоцна постигна победнички погодок.

Аталанта играше фантастично во првиот дел, агресивно, напаѓачки, а тоа го материјализираше Марио Пашалиќ со прекрасен гол во 27.минута. Нејмар имаше супер шанса за да возврати веднаш, но не реализираше од изгледна можност.

Во вториот дел Томас Тухел го внесе во игра и Килијан Мбапе кој беше повреден, но сепак, мораше да истрча на теренот. Тој влезе во две шанси, но мрежата на Аталанта остана да мирува.

 

И така беше се до неверојатниот финиш. Во 90.минута Маркињос се снајде најдобро во противничкиот шеснаесетник и успеа да израмни, а три минути подоцна Чупо Мотинг донесе и победа.

ПСЖ во полуфиналето го очекува подобриот од дуелот меѓу Лајпциг и Атлетико Мадрид.

 

Треба да знаете
Последни објави