Search

„ЕПЛ“ ќе повлече спорни модели на Ајфон во Германија

Германскиот суд и` нареди на технолошката компанија „Епл“ да повлече одредени модели на Ајфон од тамошните пазари, поради кршење на патентни права на производителот на чипови „ Qualcomm“, пренесуваат британските медиуми.

Според пресудата на судот во Минхен од 20 декември минатата година, „Епл“ го прекршил патентното право на технологијата на штедење струја, појаснува Би-би-си.

Судот нареди компанијата да ги повлече моделите Ајфон 7 и 8 од 15 специјализирани продавници во Германија, а забраната за продажба опфаќа и други оператори, како што се за мобилни телефони и останати малопродажни салони.

Треба да знаете
Последни објави