Search

„Епл“ повторно отвора околу 100 продавници во САД

„Епл“ објави дека ќе отвори околу 100 свои продавници во САД, кои беа затворени поради пандемијата на коронавирус.

На почетокот на мај, во зависност од епидемиолошката состојба, „Епл“ полека почна да ги отвора продавниците во САД, прво во Алјаска, Ајдахо и Алабама.

Според новововедените процедури за безбедност, пред влегувањето во продавницата на клиентите и вработените им е се мери температура, а задолжително е носење на заштитни маски кои се обезбедени од компанијата во случај клиентот да нема, и задолжително е одржување на пропишаното растојание.

„Епл“ започна да ги затвора своите капацитети во Кина во јануари, и започна со повторно отворање на истите кон средината на март.

Во средината на март, по прогласувањето на пандемијата, компанијата ги затвори сите свои продавници низ целиот свет.

Само еден месец подоцна, во средината на април, „Епл“ започна да ги отвора своите продавници ширум светот, прво во Јужна Кореја, а потоа и во Европа, Азија и САД.

Треба да знаете
Последни објави