Search

Епидемиолошката состојба во градинките укажува дека тие се уште можат да бидат отворени, вели Шахпаска

Согласно последниот извештај што Министерството за труд и социјална политика го испратило до Комисијата за заразни болести во земјава 21 дете кое посетува градинка било позитивно на вирусот, како и 179 вработени. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека овие бројки и сегашната состојба во градинките укажуваат дека тие можат се уште да останат отворени. За евентуално затворање ќе одлучува Комисијата за заразни болести ако на тоа упатува  епидемиолошката состојба.

-Здравствените власти се на став дека трансмисијата и преносливоста на вирусот меѓу децата е многу ниска и затоа бројката на позитивни деца е многу мала. Сакам да кажам пред граѓаните дека 9630 деца посетуваат градинка. Тоа значи дека нивните родители можат да одат на работа. Дополнително трансмисијата на вирусот доаѓа од надвор затоа што децата кои се позитивни имаат позитивни членови на нивните семејства. Ние будно ќе го следиме процесот и согласно состојбите ќе носиме одлуки, рече таа, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето Договори за грантови за развој на социјални услуги со општините.

Одлуките, додаде, не се само во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, туку пред се на здравствените власти.

-Како ресор Министерството за здравство има  најголем удел и прави проценка дали треба или не да останат отворени градинките. Согласно моменталната состојба јас мислам дека тие можат да бидат во функција. Нам ни е најважно здравјето на дечињата и на вработените, рече Шахпаска.

Таа најави дека следната седмица ќе има состаноци со директорите на градинки од целата држава за да разговараат како тие ги менаџираат процесите и како Министерство да ги чујат нивните мислења. 

Треба да знаете
Последни објави