Search

„Енфилд“ не се плаши од вирусот, колку од најавата дека Клоп ќе замине од Ливерпул

На славниот „Енфилд“ не владее толку страв од коронавирусот, колку што се загрижени навивачите и раководството на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерупл дека тренерот Јирген Клоп на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите  против Атлетико Мадрид на 11 март за последен пат ги предводеше „црвените“ !? Стратегот Клоп, кој го создаде силниот тим на Ливерпул и минатат сезона на „Енфилд“ ја донесе титулата европски првак, а во оваа беше пред промоција на тимот во англиски шампион по пауза од 30 години, е желба на Германската фудбалска федерација (ГФФ) да седне во селекторската фотелја на „панцерите“.

Раководството на ГФФ сака уште во текот на летово да го доведе Клоп во жешката фотелја. Клоп има договор со Ливерпул до 2024 година, но германскиот стручњак во неколку наврати потенцирташе дека тоа не значи ништо со неговиот престој на „Енфилд“, додека пак ангажманот во репрезенатцијата на Германија го нарекуваше како принуден чекор во неговата тренерска кариера.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави