Search

Ентони Таунс искршен, неговата мајка во кома и заболена од коронавирусот

Кошаркашот на НБА тимот Минесота Тимберволвс, Карл Ентони Таунс сподели трогателно видео.САД станува најголемо жариште на коронавирусот, а една од заболените од овој смртоносен вирус е мајката на Таунс.

Неговата мајка Жаклин Круз се наоѓа во кома, откако била позитивно тестирана на Ковид-19, а Таунс лошите вести ги објави на социјалните мрежи.

„Беше многу лошо, состојбата не се поправаше долго време. Нејзината температура се намалуваше преку ден, но за време на ноќта повторно се зголемуваше. Мојата мајка е најсилна жена, која ја знам. Ќе го победи ова“, кажа Таунс.

Треба да знаете
Последни објави