Search

Енрике: Не е време за експерименти во Шпанија

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике јасно покажа каков е неговиот приоритет при почетокот на квалификациските натпревари за ЕП 2020.

Тренерот прокоментира дека судирите против Норвешка и Малта не се добар момент за експерименти со „фуријата”, бидејќи во нив мора да брка задолжителни 2 победи.

Вечерва од 20,45 часот по македонско време, Шпанците ја пречекуваат Норвешка на „Местаља” во Валенсија, додека на 26-ти март одат на посета на Малта во Валета.

– Не сме притиснати од рокови во кои треба да го составам тимот, иако јас би сакал да располагам со фиксни 11 или барем со одредени играчи. Процесот ќе биде долг, сега има два официјални меча и нема време за проверки или експерименти. Би сакал да имам 23 јасни играчи и цврста „единаесеторка”, изјави Енрике на пресот пред дуелот.

Тој вели дека во иднина ќе прави повеќе експерименти, но сега има должност да запише две победи.

– Тимот има многу малку „преживеани” од шампионите, па сега бараме нови имиња. Избрав 23 фудбалери, кои мислев дека се најдобри во овој момент. Мора да се изгради нов тим и да се постигнат добри резултати. Ова е можно само со тек на времето, вели поранешниот тренерна Барселона, кој вечерва очекува полн стадион и поддршката на навивачите.

Треба да знаете
Последни објави