Search

Енис Барди не го заборава Леванте, го посети поранешниот клуб

Македонскиот репрезентативец Енис Барди замина од Шпанија и се пресели во Турција, каде што сега игра за Трабзонспор, но не ги заборави поранешниот клуб и тамошните пријатели.

Барди ја искористи паузата во шампионатот на Турција поради Светското првенство да скокне до Валенсија и да ги посети старите другари од Леванте.

Клубот сега е во втората шпанска лига, а Барди им посака експресно враќање во елитата.

Треба да знаете
Последни објави