Search

Ендру Куомо: За 6 дена Њујорк ќе остане без респиратори

Гувернерот најави дека државата ќе нареди во употреба да се пуштат машини за анестезија или еден респиратор да се користи за повеќе пациенти.

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо предупреди дека, доколку бројот на тешките случаи на Ковид – 19 продолжи да расте со ист интензитет, за 6 дена државата би можела да се соочи со недостаток на респиратори.

Респираторите се најважен дел од опремата и се користи за најтешко болните пациенти од Ковид – 19.

Њујорк од своите залихи му годели 400 респиратори на градот Њујорк и уште 200 на околните предградија, но гувернерот Куомо предвидува недостиг на респиратори доколку продолжи ваква високиот пораст на бројот на заболени.

Гувернерот најави дека државата ќе нареди во употреба да се пуштат машини за анестезија или еден респиратор да се користи за повеќе пациенти.

Бројот на заболени и починати во Њујорк расте со загрижувачка динамика – само во последните 24 часа починаа 432 пациенти.

Во државата Њујорк вкупно се хоспитализирани 13.383 пациенти, а 3.396 се на интензивна нега.

Треба да знаете
Последни објави