Search

Енди Мекдауел изгледа уморно на новите фотографии

Убавата Енди Мекдауел прошета на улиците во Њујорк, а нејзините обожаватели од целиот свет забележаа дека славната актерка на фотографиите изгледа уморно и безволно.

Само два дена пред оваа фотографија во Њујорк, Енди беше снимена во Лос Анџелес, каде што блескаше на премиерата на филмот Ready or Not.

Во Лос Анџелес таа носеше деколтиран фустан и беше насмеана, но во Њујорк, во црн фустан, покажа сè, освен изгледот на среќна жена.

Познатата убавица е амбасадорка на козметичката компанија „Лореал Париз“, а некои од нејзините најпознати филмови се „Четири свадби и погреб“, „Ден на мракот“, „Секс, лаги и видеоленти“, „Зелена карта“, „Хадсон Хок“.

Енди многу често зборуваше пред медиумите за својот изглед пропагирајќи ја природната убавина.

Треба да знаете
Последни објави