Search

Енди Мареј нема да игра на Вимблдон

Енди Мареј, најдобриот британски тенисер, нема да учествува на овогодинешното издание на Вимблдон.

 

Мареј веќе подолго време не може да го излекува колкот, поради што мораше да оди на операција, а дури неодамна се врати на терените.

Тој токму од третиот Гренд Слем во сезоната 2017 година не одигра официјален натпревар, се до турнирите во Квинс и Истбурн оваа година, кога го совлада Стен Вавринка, а беше поразен од Ник Кирјос и сонародникот Кајл Едмунд.

„Одлучивме дека се уште не сум подготвен за играње на натпревари во пет сета. Морам дополнително да оздравам за да бидам подготвен“, изјави Мареј.

 

Мареј во главниот ждреб ќе го замени вкупни седмиот „среќен губитник“, американскиот тенисер Џејсон Јунг.

Енди минатата година на Вимблдон стигна до четвртфиналето, кога од него после пет сета беше подобар Сем Квери.

Понатамошниот тек на кариерата на Британецот не е познат, но се чини дека повторно ќе го гледаме повеќе на тениските терени и дека ова е само нова мерка на претпазливост поради тој несреќен проблем со колкот, кој го мачи од самиот почеток на кариерата.

Треба да знаете
Последни објави