Search

„Еми“ награди: „Шитс Крик“ победи во седум категории

Откачената ТВ-комедија „Шитс Крик“ и драмската серија „Чувари“ триумфираа на синоќешната церемонија на доделување на награди „Еми“, на која повеќето селебрити-личности се појавија онлајн од нивните софи и дворови, облечени во разни наметки, дуксери и пижами поради пандемија на Ковид-19.

„Здраво, добредојдовте во ПандЕмис!“, рече Џими Кимел, отворајќи го шоуто, во кое преовладуваа повеќе скечеви и шеги за животот во самоизолација.

„Шитс Крик“, хит на малата кабелска мрежа „Поп“ – необична сторија за богато семејство кое е принудено да живее во запуштен мотел – освои седум „Еми“ награди, вклучувајќи за најдобра хумористична серија и актерски награди за канадските sвезди Кетрин О’Хара, Јуџин Леви, Даниел Леви и Ани Марфи.

Ова е првпат во 72-годишната историја на „Еми“ наградите, комедија да ги освои сите седум категории во иста година, рекоа организаторите.

Треба да знаете
Последни објави