Search

Емирот не го пушта Мбапе нема да си оди од ПСЖ

Напаѓачот на францускиот фудбалски првак Килијан Мбапе нема да го напушти Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната. Оваа одлука е донесена лично од сопственикот на клубот, емир на Катар, Тамим бин Хамад Ал-Тани, објавија француските медиуми.

-Ќе има ветер, снег или дожд, но Мбапе ќе остане, таква е желбата на емирот, се зборовите на извор запознаен со ситуацијата.

Претходно беше објавено дека Реал претендира да се засили со Мбапе, но ПСЖ според изворот, нема ни да го разгледа предлогот на мадридскиот клуб.

Договорот на еден од најдобрите фудбалери на светото со ПСЖ е со важност до јуни 2022 година.

Од друга страна, францускиот шампион е подготвен да го ослободи Нејмар за 150 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави