Search

Емиратите го воведуваат најкраткиот лет на најголемиот авион во светот

Емиратите одлучија да го воведат најкраткиот лет во светот и тоа на најголемиот комерцијален авион во светот – ербас А380 на кат.

Тоа е рутата меѓу Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и Мускат во Оман, чија оддалеченост е само 340 километри. Авиолинијата ќе биде пуштена на 1 јули, објави Си-ен-ен.

Летот ќе трае нешто повеќе од еден час, поточно првиот утрински лет од Дубаи ќе тргне во 8:25 и ќе пристигне во Мускат во 9:40 часот. Возвратниот лет ќе го напушти Мускат во 11:15 и ќе пристигне во Дубаи во 12:25 часот.

Претходниот краток лет, исто така, го имаа Емиратите – 379 километри помеѓу Дубаи и Доха. Како најголем комерцијален авион во светот, А380 обично превезува околу 550 патници, но има капацитет до 850 патници.

Треба да знаете
Последни објави