Search

Емили Ратајковски одмара во Италија со сопругот и синчето

Емили Ратајковски сподели низа фотографии од нејзиното патување по крајбрежјето на Амалфи, популарна и романтична дестинација во јужна Италија.

Моделот и актерка (30) одморот го поминува на Сорентскиот полуостров со сопругот Себастијан Бер Меклард (34) и нивниот четиримесечен син Силвестер.

Атрактивната бринета во саботата го впиваше сонцето во Позитано, еден од најубавите градови на брегот на Амалфи.

А во саботата, го покажа своето тонирано тело во танга-бикини. ‘Inamoratawoman’, напиша Емили во објавата, посочувајќи дека костимот за капење е од сопствената модна линија „Инамората“.

Емили позира и со Силвестер во објавата што ја наслови „Пиколино“.

 

Брегот Амалфи, познат и како брегот на лимоните, се протега на јужната страна на Сорентскиот полуостров и е едно од најпосакуваните летни дестинации во Европа.

Треба да знаете
Последни објави