Search

Емилија Динева е жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти

Емилија Динева по потекло од Јосифово, а која со сопругот и фамилијата живееше во Дојран, е жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти, објави „Фокус

Емилија беше прекрасна личност, жена посветена на семејството, на ќерката и синот, на внучето кое го доби од нејзината ќерка. Му се радуваше на животот, ја веселеа малите работи, уживаше во времето минато со семејството и пријателите. Да, таа беше среќна личност- вака за „Фокус” раскажува Наташа Накова, прва братучеда на Динева, жената чие срце и бубрези се донираа, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

Загубата тешко ја поднело цело семејство, но ги тешела помислата дека спасиле три животи.

-Не можам да најдам зборови за да ја опишам нашата Емче. Никогаш во животот не покажа разочарување, насмевката и беше заштитен знак. Многу му се радуваше на внучето, беше посветена мајка и сопруга. Работеше во кафеаната Боеми во Дојран, во кујната. Тој кобен ден, кога се случи несреќата, таа со мопедот тргнала на работа. Удрила во бетонска ограда, била отфрлена неколку метри. За жал, поради тешко крварење во мозокот, беше четири дена во кома. На сите ни е многу тешко, но семејството собра сили и одлучи таа да биде донор, да се спасат животи на луѓе… Горди сме на одлуката. Секогаш во мислите и срцата ќе ни остане нејзиниот насмеан лик, вели Накова.

Треба да знаете
Последни објави