Search

Емери скоро призна каде ќе наскоро ќе почне со работа

– Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери откри дека следната негова работа најверојатно ќе биде во италијанската Серија „А”. Сепак, Шпанецот потврди дека е подготвен да води екипи од сите Топ 5 лиги во Европа.

Емери е надвор од фудбалот од ноември, откако помина само 18 месеци на чело на „топџиите”, откако доживеа неуспех да гозамени успешно Арсен Венгер на „Емирати”.

Емери има искуство во Ла Лига и француска Лига 1, откривајќи дека веќе разговарал со неколку клубови за неговото враќање во игра.

– Јас тренер сум веќе 16 години, па решив да направам малку пауза за да се подготвам за мојот нов проект. Тој треба да ме инспирира. Не отпишувам ниту една земја – Англија, Франција и Шпанија се земји каде што веќе работев. Никогаш не сум бил да работам во Италија. Веќе разговарав со неколку клубови на Апенините и не е невозможно да се започне со работа во Италија. Отворен сум за дискусии и ја следам Серија „А”. Во однос на клубовите, нема да ги именувам имињата, со кои сум контактирал, потенцира шпанскиот тренер за италијанските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави