Search

Емери го одбил Евертон

Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, ја отфрли понудата за останување во Премиер Лигата. Според „Марка”, шпанскиот стратег добил предлог за преземање на Евертон, кој неодамна го отпушти Марко Силва. Емери имал неформална средба со раководството на „карамелите”, но на крајот не дошло до договор. Емери имаше и понуди од два кинески клуба, за кои исто така не бил заинтересиран. Тој сака да работи во тим кој ќе може да се бори за трофеи.

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Микел Артета, кој во моментов е асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, се појавува како фаворит за менаџерската позиција на Евертон. 37-годишниот Шпанец исто така беше во плановите на Арсенал по разделбата со Арсен Венгер. Артета помина 6,5 години како фудбалер на „Гудисон Парк” и е почитуван од навивачите.

Газдите на клубот од Ливерпул имаат и други опции за функцијата. Една од нив е Карло Анчелоти, кој е слободен откако го напушти Наполи. Дејвид Мојс, исто така, може да се врати. Тој исто зборувал со луѓето во управата на „карамелите”.

Евертон е најде на 14-то место во пласманот со само 17 поени, но во последниот натпревар го совлада Челзи со 3:1. Утре екипата ќе гостува на Манчестер Јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави