Search

Ембид автор на уникатно достигнување во НБА

Најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид постави историско достигнување, објави НБА ТВ. Тој стана првиот играч во најсилната кошаркарска лига на светот со над 130 поени, 30 скока, 20 асистенции и 10 блокади во три последователни натпревари.

На три натпревари Ембид постигна 133 поени, забележа 32 скока, креираше 22 асистенции и направи 12 блокади. Ваков резултат успеа да постигне на мечевите со Атланта, Јута и Милвоки.

Ноќеска Филаделфија загуби од Минесота (109:112). Ембид беше најдобар стрелец на натпреварот со 32 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави