Search

Ема Стоун го покажа свршеничкиот прстен од своето момче

Актерката и оскаровка Ема Стоун (31), ѕвезда на „Ла ла ленд“, се сврши со своето момче, режисерот Дејв Мекери (34), пренесува „Дејли мејл“.

Нејзиниот партнер ја објави веста на социјалните мрежи, покажувајќи го свршеничкиот прстен и на описот ставил емотикон на срце. Двојката сè уште не се огласи по повод настанот, но тие се видно среќни на споделената фотографија.

Папараците првпат ја забележале двојката заедно во ноември 2017 година додека шетале низ Њујорк. Ема никогаш не објавувала детали за нејзиниот приватен живот, но се зборува дека се запознале во декември 2016 година на хумористичното шоу „Saturday Night Live“.

Минатата година таа зборуваше за брак и деца.

„Мојата перспектива за децата се менува како што стареам. Кога бев тинејџерка, цело време велев дека никогаш нема да се омажам или да имам деца. Кога бев малку постара, сфатив дека навистина сакам да се омажам и да имам деца“, рече Ема.

Треба да знаете
Последни објави