Search

Ел Чапо е неписмен, а станал најголем нарко бос во светот

Во американскиот федерален суд во Њујорк почна судењето на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо.

Американското министерство за финансии го нарече најмоќниот трговец со дрога во светот, додека магазинот „Форбс“ неговото богатство го процени на околу една милијарда долари.

Гузман дошол во судот со преведувач во одело во стилот на 70-те години, што се претпоставуа дека најверојатно се работи за одлука на неговите адвокати, кои го советуваат како да се однесува.

Ел Чапо потекнува од сиромашно, рурално семејство и долго време бил непосмен, но прераснал во едне од најголемите нарко босови, оценуваат некои медиуми.

Судската порота е анонимна и ќе биде водена од и до судница со придружба на вооружени полицајци. Обвинителството соопшти дека вакви мерки се неопходни поради историјата на убивања и заплашува на сведоци од страна на Ел Чапо.

Многумина го споредуваат со колумбискиот нарко бос Пабло Ескобар, некои сметаат дека дури и го надминал, додека пак други го ставаат во иста ранг со Ал Капоне.

Прекарот Ел Чапо го добил поради неговата висина, што на шпански јазик значи низок, со оглед дека тој е висок само 168 сантиметри. Тој се наоѓа во затвор во Њујорк од 19 јануари 2017 година, два пати бегаше од мексикански затвори, прв пат во 2001 година во корпа за алишта, а втор пат во 2015 година преку тунел долг 1,5 километри.

На Ел Чапо му се заканува доживотна казна затвор, доколу биде осуден.

Треба да знаете
Последни објави