Search

„Ел Паис”: Евролигата до крај на сезоната во Атина, Истанбул или Москва

Челниците на кошаркарската Евролига наводно размислуваат за продолжување на сезоната, а во нивниот план е сите мечеви (78) да се одиграат во еден град во кој има две арени, пишува шпанскиот весник „Ел Паис”.
На тој начин, сезоната би завршила за пет недели. Пред да се тргне во реализација на идејата, екипите би добиле две недели за подготовки.
Тренерите, играчите и тимскиот персонал би требало да се јават во клубовите во што пократок рок и по 14 дена во самоизолација да се вратат на терен на подготовки за продолжување на сезоната.
Како градови кандидати за домаќини, весникот ги наведува Атина, Истанбул и Москва.
Сето ова се претпоставки за плановите на раководството на кошаркарската Евролига. Колку од ваквите пишувања на „Ел Паис” ќе бидат реализирани, останува да се види со оглед дека пандемијата на коронавирус е во полн ек и сигурно ќе потрае уште одреден период.
Треба да знаете
Последни објави