Search

Елон Маск откри дека боледува од Аспергеров синдром

Елон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, како гостин-водител на американското телевизиско шоу Saturday Night Live изјави дека има Аспергеров синдром.
Во воведното обраќање пред гледачите, тој рече дека тој е првиот човек со Аспергеров синдром кој го водел ова шоу, но тоа не е точно.

Имено, канадскиот актер Дан Ајкројд беше првиот гостин-домаќин со овој синдром во 2003 година, и по тој повод отворено зборуваше за синдромот, пренесува американскиот весник Дејли Бист.

Маск го искористи другиот дел од обраќањето да се пошегува на неговиот статус, како и на својата фасцинација со криптовалутата Догекоин.

Маск се пошегува и за својот профил на Твитер, каде го следат повеќе од 50 милиони корисници. Имено, милијардерот понекогаш објавува бизарни работи, па затоа многу гледачи изразија незадоволство кога беше најавен како водител на шоуто.

„Ете, знам дека понекогаш објавувам чудни работи, но така функционира мојот мозок. Сакам да им кажам на сите што сум ги навредил дека ги вратив во живот електричните автомобили и праќам луѓе на Марс со ракета. Дали мислевте дека ќе бидам опуштено, нормално момче? “, рече тој.

Аспергеровиот синдром е, патем, состојба од аутистичниот спектар, која е поврзана со социјални тешкотии. Некои експерти предлагаат вработување на луѓе со овој синдром бидејќи тие можат да постигнат успех во технологијата, претприемништвото и други работни места за кои се потребни аналитички вештини.

Бизнис магазинот Форбс го процени богатството на Маск на 166 милијарди долари. Најголемиот дел од своето богатство го оствари како косопственик на Тесла и со целосна сопственост на Спејс Икс.

Тој не е првиот милијардер што го водеше шоуто „Сабота вечер во живо“. Пред него во оваа улога беа поранешниот претседател на САД и бизнисмен Доналд Трамп, телевизиската ѕвезда Опра Винфри и легендарниот кошаркар Мајкл Џордан.

Преземено од Независен

Треба да знаете
Последни објави