Search

Елмас не помина меѓу 20. кандидати за наградата „златно момче“

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас (20 г.), кој летово од турскиот Фенербахче се пресели во италјанскиот Наполи не се најде во потесниот избор од 20 кандидати за наградата „златно момче“ на „Тутоспорт“.  Елмас кој несомнено е голем потенцијал и на кого му се предвидува блескава фудбалска кариера сепак според угледниот весник ќе треба да почека за да финишира во трката за оваа престижна награда.

За Елмас се даваа изјави од докажани фудбалски стучњаци дека важи за еден од играчите со најголема перспектива во Европа. Се најде на листата со 40 телентирани играчи до 21 година, но кога истата се преполовуваше отпадна од изборот.

Наградата ја добиваат играчите под 21 година, а оваа година, како прв фаворит важи Жоао Феликс кој летово направи трансфер од Бенфика во Атлетико Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави