Search

Елмас меѓу талентите кои можат да блеснат во ЛШ

Младиот македонски фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ( на 27 септември ќе наполни 20 години) кој летово од турскиот Фенербахче се пресели во италјанскиот Наполи и ќе заигра во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите, според шпанска „Марка“ е еден од десетемина талентирани играчи кои можат да блеснат сезонава во ова натпреварување.

За Елмас шпанскиот весник пишува во суперлативи. Како добри старни му ги набројува брзината,  можноста да игра на повеќе позиции во тимот и оти не им се плаши на поискусните фудбалски ѕвезди.

Покрај Елмас за „Марка“ теленти на кои треба да се очекуваат да блеснат се уште: Дани Олмо (Динамо), Јанис Хаџи (Генк), Доминик Шобошлаи (Салцбург), Ибрахим Конате (Лајпциг), Лисандро Мартинез (Ајакс), Маркос Антонио (Шахтјар Доњецк), Ерлинг Халанд (Салцбург), Оливер Скип (Тотенхем), Алекс Мерет (Наполи).

Треба да знаете
Последни објави