Search

Елмас и понатаму со корона, го пропушта дуелот со АЗ

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо соопшти дека нема да може да смета на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас затоа што тој сè уште позитивен на коронавирус.

– Зелински и Елмас се позитивни 21 ден, ќе треба да работат напорно за да се вратат во идеална форма, изјави тренерот на „неаполитанците” пред дуелот со АЗ Алкмар во Лига Европа.

Холандскиот тим пак има дури 13 позитивни случаи на коронавирус, но натпреварот ќе се игра.

Мечот од групата „Ф” на „Сан Паоло” е на програма во четврток од 18,55 часот.

Треба да знаете
Последни објави