Search

Елмас и Наполи поразени, Барселона слави четвртфинале

Барселона на Ноу Камп го потврди четвртфиналето на ЛШ со победа над Наполи со резултат 3-1.

Избраниците на Кике Сетиен на противникот не му дадоа во ниту еден наврат да помисли дека може да приреди сезнација на „Камп Ноу“. Свое шоу на натпреварот имаше и Лионел Меси, кој блескаше. Наполи следната година ќе мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа.

Првиот гол беше дело на Ленгле кој беше највисок во скокот и со силен удар со глава го совлада Оспина. Десетина минути подоцна, Лионел Меси имаше блесок, си поигра со одбраната на Наполи и постигна фантастичен погодок за 2-0, а потоа тој погоди и за 3-0, но судијата Чакир го поништи голот со помош на ВАР поради игра со рака.

Во судиското надополнување во првото полувреме беше досуден пенал за каталонскиот тим. Сигурен од белата точка бепе Луис Суарез па Барселона практично си ја заврши работата. Во следната акција, на самиот крај на екстра-времето, пенал доби и Наполи, а реализатор беше Инсиње. Во вториот дел домаќините не притискаа. Наполи беше тимот што играше повеќе на половината на противникот, но залудно затоа што немаше голови.

Тренерот на Наполи, Гатузо му даде шанса на нашиот репрезентативец Елиф Елмас кој влезе во игра во 79тата минута.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави