Search

Елмас: Горд сум на мојата Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ја совлада Словенија со 2-1 на арената „Тодор Проески“ во Скопје и со тоа ги задржа шансите за второто место во групата Г, кое носи бараж за пласман на Европското првенство во 2020.

Елиф Елмас, кој синоќа ги постигна двата гола и ги израдува поддржувачите на македонската репрезентација, покажа дека е следната фудбалска ѕвезда на земјава, а по мечот на „Фејсбук“ тој упати и кратка порака која гласше: Горд на мене и на мојата Македонија!

Треба да знаете
Последни објави