Search

Елизабет Мос во блескав мини фустан на промоција на филмот Her Smell

Елизабет Мос на себе имаше широка неодолива насмевка и црн мини фустан со светки додека го промовираше својот филм „Her Smell“ (Нејзиниот мирис).

37-годишната актерка во средата присуствуваше на посебна проекција со режисер Алекс Рос Пери во Музејот за модерна уметност во Њујорк.

„Нејзиниот мирис“ дебитираше на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември 2018 година, пред да стигне во кината на 10 мај.

Мос на специјалната проекција позираше и со Алекс Пери Рос, кој го напиша и го режираше филмот. Промотивниот настан доаѓа како загревање пред сезоната на доделување награди.

Треба да знаете
Последни објави