Search

Елен Деџенерис не очекувала дека нејзиното ТВ-шоу ќе трае 19 години

Американската комичарка, актерка и водителка Елен Деџенерис никогаш не помислила дека нејзината емисија ќе трае речиси две децении.

63-годишната Елен своето истоимено шоу го почна во 2003 година, а треба да го заврши во 2022 година по 19 сезони – и 19 години – во етерот.

Елен сега откри дека иако се надевала дека шоуто ќе биде нешто во кое секој ќе може да ужива, таа никогаш не очекувала дека ќе има долговечност од неполни две децении.

Кога ѝ се придружи Марио Лопез од Access Hollywood на снимањето емисија на The Ellen DeGeneres Show, таа рече: „Мислам дека дадов совет првиот ден. Сакав да направам шоу што ќе биде навистина забавно за секого и едночасовно бегство на ден. Што и да се случуваше во светот, сакав ова да биде среќно место. Сакав сите овде да се забавуваат работејќи тука и сакав тоа да не го земам здраво за готово, да уживам во тоа.“

„Но, ако ми кажевте дека ќе го правам ова 19 години, никогаш немаше да помислам дека ќе трае толку долго.“

Треба да знаете
Последни објави