Search

ЕЛЕМ во јуни продаде вишоци електрична енергија за 4.186.820 евра

АД Еелектрани на Северна Македонија информира дека на 6.6.2019 година преку јавна аукција продала 4.800 MWh вишоци електрична енергија за  вкупна сума од 198.792   евра. Продадената електричната енергија е за периодот од 11 до 14 јуни. Како што се наведува, просечната цена која е постигната на аукцијата изнесува  41,42 евр/MWh.

На HUPX (Унгарската берза на електрична енергија), цената за тој период изнесува  38,66 евр/MWh.

Исто така, за месец јули продадени се и 11.160 MWh вишоци електрична енергија за  вкупна сума од  561.794 евра.

Просечната цена која беше постигната на аукцијата за периодот 1-31 јули изнесува   50,34 евр/MWh. На 10.6.2019г АД ЕСМ продаде 52.992 MWh  за третиот кавртал (јули, август и септември) во вкупна вредност од 2.842.314 евра. Постигнатата просечната цена инесува 53.63 евр/MWh. На HUPX, цената за Q3 изнесува  53.52 евр/MWh.

На 12.06.2019 АД ЕСМ спроведе аукција за периодот 17-28 јуни 2019. На оваа аукција се продадени 12.000 MWh, во вкупна вредност од 583.920 евра. Просечната цена која беше постигната е 48.66 евр/MWh.

Со тоа, вкупната вредност на продажбите извршени во првата половина на јуни изнесува 4.186.820 евра

Во 2019 година преку 17 јавни аукции продадени се вкупно 174.552 MWh вишоци eлектрична енергија, во вкупна вредност од 8.495.618 евра.

Треба да знаете
Последни објави