Search

Елези: ДУИ е за брз, одржлив економски развој со цел подобрување на животот на граѓаните

Демократската унија за интеграција е и е за брз, одржлив и инклузивен економски развој за економски развој да го подобри квалитетот на животот на граѓаните и тоа отвора перспектива за повисоко ниво на благосостојба. Изминативе две и пол години имавме навистина обемна агенда во делот на финансиите и економијата и со задоволство можам да кажаме дека веќе на среден рок се видливи подобрувања – и во економијата и во условите за живот на граѓаните. Фокусирајќи се на минатото, со одржлива фискална политика, постигнавме,

· спроведување на макроекономска политика насочена кон задржување на макроекономската стабилност, зголемување на конкурентноста на економијата и зголемување на вработеноста;

· спроведување на фискална политика во функција на фискална одржливост и етапна консолидација на јавните финансии,

· поддршка на економијата со значителни инвестиции во инфраструктурни проекти и зголемена транспарентност;

· обезбедување на социјална сигурност, социјална правда и заштита;

· создавање на поволна деловна клима со политики на соработка со бизнис-секторот, социјалните партнери, заштита на работничките права, недискриминација, зголемена ефикасност, како и поддршка и развој на малите и средни претпријатија;

· поддршка за отворање на нови работни места преку активни мерки за вработување и зголемување на нивото на платите во економијата;

· интеграција во НАТО и започнување и успешно водење на процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

· благо релаксирање на даночната политика со истовремена корекција кај одделни даночни стапки, со кое се очекува да се постигне повеќекратен ефект, фер и олеснети административни процеси, како и поддршка на приватниот сектор, што би резултирало со намалување на даночната евазија, како и

· јакнење на механизмите за намалување на неформалната економија

Дозволете ми најпрво да направам осврт на економската состојба во земјава.

· Економиjaта е на вистинска патека, таа е стабилна, а растот е сеопфатен и се темели на раст на сите економски сектори

· Во однос на домашната економија, во првите девет месеци од 2019 година економскиот раст изнесува 3,6% и е на широка основа, наспроти стагнацијата (раст од минус 1,8 К1 2017 година)

· Индустриската дејност почна да расте со повисоко темпо, и во последните четири квартали бележеше стапки на раст од над 5%.

· Градежната дејност закрепна и во првите девет месеци од 2019 година забележа реален раст од 5,6%,

· Земјоделството, исто така, продолжи да ја поддржува економијата, и во првите девет месеци од 2019 година забележа раст од 4,2%.

· Гледано по компоненти, потрошувачката во изминатите две и пол години значително ја поддржуваше економската активност, при состојба на позитивен придонес и од приватната и од јавната потрошувачка. Растот на потрошувачката е резултат на зголемената минимална плата (од 44% или над 60% за одделни дејности), поддршката на приватниот сектор за исплата на повисоки плата, зголемените плати во јавниот сектор (посебно во образованието, здравството, социјалната и детската заштита, армијата итн), како и порастот на вработеноста во економијата.

· Бруто-инвестициите закрепнаа, односно во третиот квартал од 2019 година забележаа висок раст од околу 14%, во најголем дел како резултат на инвестициите во градежни работи, а во одредена мера и на инвестициите во машини и опрема.

· Извозот на стоки и услуги расеше со двоцифрени стапки (просечен реален раст од 13,2% во периодот од К3 2017 година до К3 2019 година), што е главно одраз на извозот на капацитетите во слободните економски зони, односно извозот на машини, транспортни уреди и хемиски производи, поддржан и од солидните остварувања на дел од останатите традиционални извозни сегменти. Увозот на стоки и услуги во истиот период забележа реален раст од 8,8%, придвижен од увозот на интермедијарни и капитални производи, во услови на раст на инвестициите и на извозот.

се очекува да продолжат позитивните економски трендови од годинава, особено со влегувањето на земјата во НАТО и позитивниот ефект кој го носи од аспект на инвестициите. Растот за годинава е проектиран на 3,8% од БДП и се очекува истиот да биде придвижен од потрошувачката, како реузлтат на раст на платите и вработеноста, растот на бруто инвестициите и извозот:

• Растот на приватната потрошувачка е проектиран на 3,3%, придвижена од очекуваното зголемување на расположливиот доход на домаќинствата, поддржана и од предвидениот раст на кредитирањето на населението. Растот на доходот потекнува од очекуваниот раст на платите и вработеноста во економијата, намалување на невработеноста, како и активација и зајакнување на социјалната заштита на ранливите категории. Проекцијата за реален раст на јавната потрошувачка во 2020 изнесува 2,0%.

• Бруто-инвестициите во 2020 година е предвидено да се зголемат за 8,0% на реална основа. Позитивен придонес врз растот на инвестициите се очекува да имаат планираните инвестиции на јавниот сектор, како и континуираната поддршката на инвестициската активност на домашните и странските претпријатија.

• Високиот раст на извозот се очекува да продолжи во 2020 година. Проекцијата за реалниот раст на извозот на стоки и услуги изнесува 8,3%, придвижен од извозот на новите индустриски капацитети ориентирани кон извоз.

Кога станува збор за компаниите, очигледно е дека се ослободени да се развиваат и тоа можеме да го воочиме преку растот на индустриското производство, кое во двете години расте со стапки од над 5%. Бележи раст целокупната трговска размена. Oбемот на трговската размена целата 2019 година е зголемен за 10%, во споредба со јануари – декември 2018 година. Многу е значајно за нашата економија што извозот во последните две години има двоцифрен раст (над 10%).Како за илустрација во 2016 година, вредноста на извозот била 4,3 милијарди евра или само за 3 години извозот пораснал за неверојатни 48% споредено со 2019 кога изнесува рекордни 6,4 милијарди евра.

Во периодот јули 2017 година – септември 2019 година, приливот на СДИ во земјата изнесува 845 милиони евра. Само во 2018 година е остварен прилив од 614 милиони евра (5,7% од БДП), што е за околу 3,5 пати повеќе во однос на 2017 година. Најголемиот дел од инвестициите се во индустрискиот сектор.

· Зголемена поддршка за бизнис секторот од буџетот до 6,7 милјарди денариТака во годинешниот буџет за мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите обезбедени се 2,4 милијарди денари, за мерките за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор 3 милијарди денари и за активните мерки за вработување 1,4 милијарди денари.

Преку мерките за поддршка на инвестициите се поттикнува и набавка на нова технологија преку поврат на дел од вложените средства, на тој начин поттикнувајќи ги фирмите да ја заменат. Во однос на замена на застарената технологија постојат исто така можности, преку мерките за поддршка на економски раст, со кои се враќа дел од инвестицијата на компаниите направена во нови технологии.

Навремен поврат на ДДВ до фирмитеминатата година во која на фирмите по основ на ДДВ им беше извршен поврат од 401,9 милиони евра. Ова е за 7,46% повеќе во однос на 2018 година, 28,18% повеќе во однос на 2017 година, 44,19% повеќе во однос на 2016 година .Ова е од исклучително значење за фирмите, бидејќи на овој начин се одржува ликвидноста, потребна за тековно работење, но и планирање на инвестициската дејност Со користењето на поддршката овие компании имаат за 60% просечен пораст на добивката, 50% просечен пораст на приходите, 27% зголемен број на вработени и за 40% зголемување на просечните плати.

Вработеноста расте, невработеноста се намалуваАко се споредат последните расположиви податоци за бројот на вработени објавени на дзс за третото тримесечје од 2019 година, со истиот период од 2016 година може да се види дека бројот на вработени е повисок за 71.560 вработени. Вработеноста е порасната на 47,4%

-Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 17,1% и е показател за тоа е намалувањето на стапката на невработеност кај младите лица којашто изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%.

· Растат платите. Покачена минималната плата, придвижена спиралата на плати-Просечната нето плата во декември 2019 година, надмина 26 илјади денари. Платата минатата година во декември на годишно ниво порасна за 4%. -Ако се направи споредба на просечната нето-плата на крајот од 2016 година со просечната плата на крајот од 2019 година истата е покаќена за 4000 денари.Растот на платата а зголемено ако лани беше 4%, во 2018 беше 5,9% во период од 2010-2017 просечна пораст на плати беше само 1,8% годишно.Минималната плата од 9000 денари се зголеми на 14.500 или на 5.500 што е приблиѓно за 60%-Покачувања на платите изминатите три години имаше и во јавниот сектор, и тоа, кумулативен тригодишен раст 2016-2019, во јавната управа,здравство, образование, социјала,одбрана.

· Растат пензиите-Во февруари 2020 година пензиите се покачени за 700 денари, додека со редовното усогласување пензиите во просек ќе се покажат за 900 денари Со покачувањето годинава просечната пензија во 2020 година ќе изнесува 15.500 денари, или околу 1800 мкд повеќе.(1746) од 2016 декември 13,754 денари.

· Капиталните расходи во Буџетот за 2019 година се реализирани 78% во однос на проекцијата. Во апсолутен износ, капиталните инвестиции изнесуваат 17,8 милијарди денари, што е за 5,7 милијарди повеќе во однос на 2018 година или зголемување за 46,6% Во период за три години реалзирани се над 813 милиони евра капитални инвестиции од буџетот во инфраструктурни проекти во сите области образование, здравство, земјоделие, инфраструктура газовод, патишта.

Во рамките на Проектот МСИП проектот за подобрување на општинските услуги во периодот од јуни 2017 до 2020 година во вкупно 80 општини беа реализирани 161 капитални проекти со вкупна вредност од 30 милиони евра. Обезбедивме 1,1 милион евра за техничка документација за реконструкција на локалните патишта и обезбедени се 70 милиони евра.

· Повеќе средства за образование, социјална заштита и здравство за 25.237.786.953 денари 407 милион евра 2016-2020 (само за 2020 154.590.100.000 денари)

· Повеќе средства за општините над 7 милјарди денари

· Изминативе три години значително е подобрена фискалната транспарентност,

· Бидејќи граѓаните имат право да знаат каде се трошат нивните средства!

– Минатата година, со поддршка УСАИД, ја објавивме платформата „Отворени финансии” преку која секој граѓанин има пристап и може да ги види исплатите од Трезорот(прва фаза на централно ниво а втора и на општините)

– Ја објавивме алатката за транспарентност со која граѓаните можат ја следат реализацијата на капиталните расходи по институција и на тој начин да влијаат на институциите да бидат поефикасни во спроведувањето на капиталните проекти

– Објавивме платформа на која граѓаните можат да го следат јавниот долг, односно секое задолжување, раздолжување, да ја видат намената за истото

– Објавивме платформа „Граѓански буџет” преку кој граѓаните можат да ги следат приходите и расходите во буџетот, односно како истиот ќе се полни и кои обврски, проекти ќе се финансираат од буџетот

– Буџетите пред да влезат во Собрание и Влада, сега се дебатираат со јавноста, односно се презентираат пред бизнис, невладината и експертската заедница

– Направивме платформа ЕСПЕО на која сите институции, фондови, општини ги евидентираат обврските доспеани и недоспани за отплата и на тој начин и ние и јавноста имаме јасен увид во преземните обврски. Нема веќе скриени неплатени обврски

– Направени се законски измени со кои се воведе обврска сите буџетски корисници и јавни претпријатија своите завршни сметки да ги објавуваат на своите веб-страници и да бидат достапни за јавноста

– Се наметна обврска до буџетските корисници и јавните претпријатија сите договори за јавни набавки и анекси да ги објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки – e-nabavki и со тоа истите се достапни до јавноста

– Во насока на отворање на податоците Бирото за јавни набавки ја направи јавно достапна платформата Отворени Податоци на веб страницата е-Набавки

-Се објавуваат повеќе извештаи кои претходно не се објавувале или се објавувале со послаба фрекфенција. На пример, објавени се извештаи за извршувањето на Буџетот по буџетски корисници на месечна основа, се објавуваат и извештаи за извршувањето на Буџетите на општините на квартална основа, се објавува квартален извештај за извршување на Буџетот на општата Влада, подобрен е Полугодишниот извештај за извршување на Буџетот кој содржи детални податоци за сите буџетски корисници.

-Со измени на Законот за јавен долг, во пресметката на јавниот долг се вклучи и негарантираниот долг, со што се исполнија препораките на меѓународните финансиски институции, а воедно се зголеми и отчетноста за долгот.

-Донесена е Стратегијата за реформа на даночниот систем е сеопфатен документ, има за цел да даде насоки за адресирање на повеќе прашања што ќе придонесе до поголема ефикасност и ефективност на системот јавни финансии, како сивата економија, економската нееднаквост, тешкотиите во собирањето на јавни приходи, софистицираните техники за избегнување данок, затајување на данок како и зголемувањето на ризиците врз животната средина.

· Изготвен е Акциски план за сузбивање на неформалната економија

Е -сервисите се тројазични

· Преку МојДДВ и МојДДВ#МојаНаграда се бориме против сивата Донесени се закони и измени:

· Измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето до 31.12.2021 година.

o Воведување на претпополнета даночна пријава.

o Воведување електронски систем за царинско работење со кој се воведува бесхартиена околина..

o Ваучерски систем заради системска поддршка на спортот преку ослободување од данок на добивка.

o Нов закон за спречување перење пари и финансирање тероризам.

o Измени и дополнувањата на Законот за јавен долг – негарантираниот долг се враќа во пресметката на јавниот долг

· Воведување нов праг за ДДВ обврзници во износ од 2 милиони денари.

· Изготвен прирачник преку кој граѓаните и фирмите можат да се информирмираат повеќе за новиот праг и кој се има или нема обврска како ДДВ обврзник. И многу измени.

Зголемен е бројот на вработени во министертвото за финансии

Споредбено од јуни 2017 до 2020 има раст од 13% од 10,1% во 2017,на раководните места се 6 , унапредени 20, средивме статусот на вработените во даночната и царинска управа

Почитувани граѓаниСо вашата континуирана доверба и поддршка, ДУИ успеа да ја спроведе својата програмска определба како целинаКако што ветивме, така и испорачавме..Затоа, ви благодариме за довербата и поддршката. Ова ни дава право денес повторно да ја побараме вашата доверба, да работиме заедно на повеќе проекти и политики за подобрување на квалитетот на животот, преку економски развој, поддршка на деловниот сектор, создавање работни места, заедно сме посветени на нашата иднина, на нашата младост, што е наш главен приоритет, кон континуираното подобрување на животниот стандард на нашите граѓани со приближување на истите до оние на Европската унија.Овие ангажмани можат да се извршат само со ваша поддршка,Заедно можеме!

Треба да знаете
Последни објави