Search

ЕК ќе ги разгледа буџетските последици од најавените мерки на Макрон

Европската комисија ќе ги разгледа внимателно буџетските последици од мерките објавени синоќа од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, со цел да го смири гневот на „жолтите елеци”, изјави заменик-претседателот на ЕК, Валдис Домбровскис.

–Ги следиме одблизу новите најавени мерки, но не можеме да ги коментираме пред да бидат претставени во детали, додаде комесарот задолжен за еврото и социјалниот дијалог. Тој тоа го изјави во Стразбур, каде што се одржува пленарна седница на Европскиот парламент.

Под притисок на социјалното незадоволство на „жолтите елеци”, претседателот Макрон вчера објави зголемување на минималната плата за 100 евра месечно од 2019 година, поништување на зголемувањето на даноците на пензиите под 2.000 евра и ослободување од даноци за прекувремена работа.

Овие мерки ќе ја чинат земјата меѓу осум и 10 милијарди евра, рече францускиот државен секретар за јавни работи и финансии.

Треба да знаете
Последни објави