Search

ЕК: Визниот режим ги влошува односите меѓу ЕУ и Косово

Европската Комисија ги предупреди земјите членки дека одложувањето на визната либерализација за Косово негативно влијаат на односите со ЕУ, јави дописничката на МИА во Брисел.

Пораките ги упатија Дејвид Кален, одговорен за Косово во Европската Комисија и Ана Марија Бура, шефица на работната група за Западен Балкан, позната како КОВЕБ, за време на дебата во подкомитетот за безбедност и одбрана на Европскиот Парламент.

Бура истакна дека фрустрацијата која ја чувствуваат граѓаните на Косово поради нелиберализирањето на визниот режим има негативен ефект врз кредибилитетот на ЕУ.

Косово е единствената земја од регионот за која сѐ уште се потребни визи за туристички престој до 90 дена во ЕУ, поради отпорот на неколку земји членки.

Експертите кои говореа на вчерашната дебата за Косово предупредија и дека безбедносната состојба на Косово е кревка. Една од причините за зголемувањето на тензиите беше формирањето на војска, изјави Лорензо Дадарио, генерал на КФОР, иако тој додаде дека таа трансформација секако беше предвидено да се одвива во наредните десет години и дека “ништо не менува во смисла на капацитет”.

ЕУ ќе продолжи да придонесува за стабилноста на Косово, истакна Бура, но предупреди дека за да се остави “добар напредок” во земјата кредибилен европски пат е неопходен.

Треба да знаете
Последни објави