Search

Екс унгарски европратеник ослободен од обвиненија за шпионажа, но е виновен за проневера на европски пари

Поранешниот унгарски европратеник од екстремната десница Бела Ковач, обвинет за шпионирање за Москва, денеска беше ослободен од обвинението пред првостепениот суд во Будимпешта, но беше е прогласен за виновен за проневера на европски пари.

Во 2017 година, Обвинителството поднесе обвинение против Бела Ковач за „учество во шпионски активности против европски институции во корист на странска држава”, за „затајување данок” и „фалсификување документи што довеле до финансиска штета” во периодот од 2012 до 2014 година.

Судијата ги потврди контактите на тој поранешен член на националистичката партија Јобик, сега веќе 60 годишник со странски разузнавачки служби. Но, станува збор за пренесување на информации што веќе биле достапни.

Судството не ја спомена државата во чија корист работел Бела Ковач, но унгарскиот печат пишуваше за неговите бројни патувања во Москва, каде наводно тајно се состанувал со руски дипломати.

Бела Ковач го напушти Joбик набргу по појавувањето на тие обвинувања, неговиот пратенички имунитет беше укинат во 2015 година, а од 2019 година тој веќе не е европски пратеник.

Шпионажата во таа држава се казнува со затвор од две до осум години.

Ковач беше осуден на една и пол година затвор со условна казна за затајување данок и фалсификување документи, откако потпишал „фиктивни” договори за практика на финансиска штета на Европскиот парламент.

Треба да знаете
Последни објави