Search

Екстази и марихуана пронајдени кај тројца тетовци

Тетовец бил уапсен откако полицијата по претресот кај него пронашла екстази, вчера вечерта во Тетово.

Полицијата околу 22 часот на улицата Киро Ристевски-Дрнц го лишиле од слобода Ѓ.Ј.(32) од Тетово. По претресот кај него била пронајдена опојна дрога – екстази.

Тој бил задржан во ПС Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тетовската полиција во неделата околу 00.10 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во селото Долно Палчиште, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Љ.(31) од Тетово, во кое бил и Б.Џ.(31) од тетовското село Стримница.

При нивен и преглед на возилото била пронајдена марихуана. Тие биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави