Search

Експресно доставено барањето до ЦИК за укинување на пратеничките мандати на опозицијата, тензиите растат

Генералниот секретар на албанскиот Парламент денеска до Централната изборна комисија (ЦИК) го достави барањето за укинување на мандатите на 56-те пратеници од опозицијата, иако за тоа е предвиден рок од 30 дена.

Одлуката на Парламентот доаѓа 24 часа откако лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, ги достави до законодавниот дом потпишаните изјави за откажување од пратеничкиот мандат.

Станува збор за 39 пратеници од изборната коалиција предводена од Демократската партија и 17 од Социјалистичкото движење за интеграција.

По ова, ЦИК ќе делува според процедурите за прераспределба на мандатите од листите на кандидати на соодветните партии.

Во меѓувреме тензиите почнаа да растат.

Лидерката на ЛСИ, Моника Круемади ги предупреди членовите на партијата дека се можни закани, насилство и поткуп од страна на власта.

– Некому ќе му тропне полицијата на врата, нечиј брачен другар ќе биде истеран од работа, некој ќе добие покана од Обвинителството ,некому ќе му пристигне коверт со пари дома за да ги подмири долговите, школарината на децата, некому ќе му биде ставен експлозив на прагот на домот или бизнисот. Нема да не запрат, бидејќи не се мнозинство, порача Круемади.

Поостар во ставот е поранешниот лидер на демократите и екс претседател и премиер на Албанија,Сали Бериша.

– Ги повикувам Социјалистите да не ја потценуваат ситуацијата, бидејќи на апсолутен начин казната, универзалната казна за Еди Рама се приближува и сигурно ќе биде претешка. Можно е земјата да влезе во граѓански конфликт, предупреди Бериша.

Од Корча, пак, каде што беше во посета, евроамбасадорот во Тирана, Луиѓи Сореца откако оцени дека откажувањето на опозицијата од пратеничките мандати го поткопува интегративниот процес на земјата, повика на дијалог.

Треба да знаете
Последни објави