Search

Експлозија пред црква во центарот на Атина, двајца полесно повредени

Експлозивен механизам бил поставен пред црква во центарот на Атина, а две лица се полесно повредени во инцидентот што се случи во 7.10 часот утрово по локално време.

Според неофицијални информации, во седум часот утрово кога еден од луѓето задолжени за црквата, пристигнал за да ги отвори вратите забележал метална сомнителна кутија и ја известил полицијата. По пристигнувањето на полицијата, механизмот експлодирал, а биле повредени еден полицаец и лицето кое работело во црквата. И двајцата со лесни повреди се пренесени в болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Експлозијата не била силна, а она што предизвикува загриженост во Грција е што не претходеше анонимен телефонски повик, како што најчесто практикуваат грчките анархистичко-терористички организации.

Населбата Колонаки каде што се случи експлозијата, важи за една од најфрекфентните населби во центарот на Атина.

Треба да знаете
Последни објави