Search

Експлозија пред ресторан во Подгорица

Силна експлозија утрово одекна кај ресторанот „Њујорк“ во Подгорица. Во инцидентот нема повредени, соопшти полицијата, пренесува РТЦГ.

Експлозијата се случила околу 2 часот по полноќ меѓу блоковите Шест и Девет. Од силината на експлозијата, се искршиле прозорците на ресторанот „Њујорк“, кој се наоѓа во близина, додава РТЦГ.

Во тек е увид на полицијата на местото на експлозијата.

Треба да знаете
Последни објави