Search

Експлозија предизвика потрес на границата меѓу Кина и Северена Кореја

Силен потрес бил почувствуван денеска на границата меѓу Кина и Северна Кореја, пренесуваат светските медиуми.

Според АФП, кинеските власти се сомневаат во експлозија.

Сè уште не е познато за што точно се работи. Би-Би-Си на „Твитер“ пишува дека експлозијата можно е да потекнува од повеќе работи, вклучувајќи и можност таа да била предизвикана во некој од околните рудници.

Според податоците од кинескиот центар за мерење на земјотреси, во 19 часот и 38 минути по локално време, бил почувствуван земјотрес со јачина од 1,3 степени според Рихтер. Потресот бил почувствуван во градот Хзнчун недалеку од границата.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг неделава треба да ја посети Северна Кореја, прв пат по 14 години.

Треба да знаете
Последни објави