Search

Експлозија на хуманитарен авион на Филипините, загинале доктори и пациенти

Авион се урна на главниот аеродром во Манила на Филипините.

Во авионот за време на несреќата имало осум лица, вклучувајќи лекар, медицинска сестра и двајца пациенти кои биле странски државјани, и сите загинале.

Според извештаите на локалните медиуми се наведува дека авионот се упатил кон Јапонија.

Ричард Гордон, претседател на Црвениот крст на Филипините, потврди дека нивните екипи и пожарникарите биле испратени на местото на настанот.

Авионот експлодирал додека полетувал од пистата.

Треба да знаете
Последни објави