Search

Експлозија на автобус кај египетските пирамиди, повредени повеќе туристи

Силна експлозија денеска уништи туристички автобус во близина на новиот Голем египетски музеј што се гради во областа на пирамидите во Гиза, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори од египетските безбедносни служби.

Изворите засега не дале никакви информации за евентуални жртви, но на социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетениот автобус и повредени туристи.

Според информации кои ги пренесоа локални медиуми, при експлозијата се повредени најмалку 12 лица. Во автобусот патувале претежно странки туристи.

Треба да знаете
Последни објави