Search

Експлозија во Минхен – Се стресе железничката станица

Експлозија се случила во близина на преполна железничка станица во Минхен, Германија, соопшти денеска полицијата, јави Си-Ен-Ен.

Експлозијата се случила за време на градежните работи на станицата Донерсбергербрук.

Не се знае дали има повредени или жртви од експлозијата, а на лице место се службите за брза помош и полицијата.

Железничкиот сообраќај е запрен, а полицијата соопштила дека „нема опасност надвор од околината“.

Треба да знаете
Последни објави