Search

Експлозивни направи и куршуми пронајдени во куќа во Куманово

Две експлозивни направи, детонаторски каписли и куршуми биле пронајдени во куќа во Куманово.

Според МВР, против И.С.(43) од Куманово е поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 10 овој месец полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом на улица Среќко Пужалка при што биле пронајдени и одземени две експлозивни направи, две детонаторски каписли и 25 куршуми различен калибар.

Треба да знаете
Последни објави