Search

Експерт тврди дека анексијата ги спречува Палестинците од етничко чистење на Евреите

Планот на Израел да го примени суверенитетот на делови од Западниот Брег става крај на морално одвратната идеја – поддржана од сите американски администрации освен онаа на Трамп – дека Евреите треба да бидат етнички исчистени од територијата, изјави правниот експерт Еуген Конторович во ексклузивно интервју за „Брејтбарт њуз“.

„Администрацијата на Обама зазеде став дека мирот со Палестинците бара Израел етнички да ја исчисти територијата. Администрацијата на Трамп имаше морална јасност да признае дека отстранувањето на еврејскиот народ од населбите на Западен Брег како израелска обврска во мировниот договор е морално одвратно “,истакна Конторович.

Т.н. „Визија за мир“ на претседателот Доналд Трамп предвидува Израел да анектира 30 отсто од Западниот Брег и долината на Јордан. Исто така, се разграничува демилитаризирана палестинска држава основана на поголемиот дел од Западниот Брег со делови од источен Ерусалим кои се наоѓаат надвор од израелската безбедносна ограда како нејзин главен град.

Ако Израел продолжи со плановите, Палестинската самоуправа предупреди дека еднострано ќе прогласи држава заснована на линиите од пред 1967 година.

Според Конторрович, професор по право кој работи како директор на Центарот за Блискиот Исток и меѓународно право на Правниот факултетот при универзитетот „Џорџ Мејсон“,сите мировни предлози – освен ониј на Трамп – кои се изнесени низ годините откако Израел го ослободи Западниот Брег од јорданската окупација во одбранбената војна во 1967 година се засноваа на погрешна идеја дека еврејското присуство таму е нелегално и треба да се смени.

Овие предлози бараа Израел да одржи подрачјето од кое Јордан етнички ги исчисти Евреите во 1948 година како зона со постојан „јуденреин“, рече тој, користејќи ја нацистичката терминологија за исклучување на Евреите. И покрај тоа што ниту една израелска влада досега не предложила евакуација на Палестинците од областа, тој рече дека протерувањето на Евреите е минимално барање за какви било палестински преговори.

„Израел треба да го примени израелскиот закон над оваа област како што требаше да се направи пред 53 години по Шестдневната војна,“ изјави професорот по право.

Израел во тоа време верувал дека станува збор само за привремена ситуација и дека еврејската држава ќе склучи мировен договор со Палестинците. Но, Палестинците ги отфрлија сите израелски понуди, па близу половина милион доселеници со децении требаше да живеат под кафказијанска бирократија  слична на мрачните отомански закони што владеат во таа област.

На прашањето дали премиерот Бенџамин Нетанјаху е претпазлив околу притисок за суверенитет и покрај европското и арапското отфрлање – па дури и двоумењето од страна на САД – Конторович е одлучен.

„Не мислам дека постои понежен и попретпазлив начин отколку да не го сториш тоа 53 години и притоа да нудиш државјанство на Палестинците во безброј прилики. Тоа е долг период на смирување на ситуацијата “, рече тој.

Кондорович, исто така, се занимава со терминот „анексија“, објаснувајќи дека во меѓународното право анекцијата е дефинирана како една држава која зема земја од друга суверена држава. Бидејќи, во овој случај, Западниот Брег нема суверенитет, терминот „анексија“ е погрешен.

„Вистинскиот агресор не чека 53 години да го примени законот на својата територија. Сепак, според двојните стандарди на меѓународната заедница Израел секогаш ќе се смета за агресор. Европејците дури признаа дека правилата според тие постапуваат со Израел не исти како оние за некоја грубо споредлива ситуација и тие се се повеќе отворени за тој факт “, рече тој.

Во меѓународното право, на Израел не му е дозволено да стори ништо , рече тој.

„Тоа е затоа што постои посебен систем на меѓународно право за Израел“, рече Конторович и додаде дека еврејската држава е „меѓународно правно гето кое се состои од правила што се создадени и дизајнирани и се применуваат само за таму“.

Треба да знаете
Последни објави