Search

Експерти од Ербас го истражуваат падот на авионот во Пакистан

Тим експерти од Ербас пристигнаа во Пакистан за да учествуваат во истрагата за авионската несреќа во која загинаа 97 луѓе, соопштија официјални лица.

– Ербас испрати тим од 11 експерти за да обезбеди техничка помош на Комисијата за истраги на несреќи, рече Абдула Хафиз Кан, портпарол на пакистанската авиокомпанија ПЛА, на чиј лет во Карачи се урна авионот на „Ербас”.

Кан рече дека ПЛА ќе им помогне на „Комисијата и тимот на Ербас да ја утврдат вистинската причина за несреќата”.

Тимот ќе изврши увид на пистата и ќе го посети местото на несреќата, од кое надлежните престанаа да ги отстрануваат остатоците од авионот. И црната кутија ќе им биде предадена на експертите.

Ербас А320 се урна врз населена улица, неколку моменти пред да слета на аеродромот во Џина.

Двајца патници преживеаја, а никој од жителите во областа каде што се урна авионот не загина, иако околу дваесет куќи се оштетени.

Треба да знаете
Последни објави