Search

Експертите од Рим порачуваат: Здрав разум, миење раце и кашлање во марамче

Претставниците на ЕУ, италијанските власти, СЗО и Европскиот центар за превенција и контрола на болести од состанокот во Рим порачаа дека не треба да се раководи со паника, туку со здрав разум, кога станува збор за коронавирус или Ковид-19.

https://twitter.com/hans_kluge/status/1232664515772325888/photo/1

Директорот на Светската организација за Европа, Ханс Клуге, рекол дека сериозно ги сфаќаат и ситуацијата и вирусот, но дека истовремено треба да се има на ум и податокот дека четири од пет пациенти заразени со вирусот Ковид-19 покажуваат благи симптоми и закрепнуваат.

Клуге на состанокот во Рим ја пренел најновата информација, која говори дека во 33 земји во светот моментно има 80.980 заразени лица со коронавирусот. Toj додал дека од вкупниот број заразени, дури 96,5 проецнти се во Кина.

„Смртноста е 2 процента, а во Кина сега и еден процент. Во прашање се главно постари лица од 65 години, со ослабен имунитет и кои страдаат и од други болести“, објаснил Клуге.

Директорот на Светската здравствена организација ги повика граѓаните на Италија да се заштитат себеси и другите, така што ќе ги следат препораките од надлежните органи и да внимаваат на здравјето, особено додека се на пат. Тој, меѓу другото, ја истакнал улогата на медиумите во моментната ситуација со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави