Search

Експертите велат: Животот блиску до паркови го чува срцето и крвните садови!

Освен што несомнено имаат поубаво опкружување, жителите на градовите со многу паркови и зеленила имаат поздраво срце и крвни садови, тврдат експертите.

За разлика од нив, жителите во метрополите во кои доминираат висои бетонски згради, почесто боледуваат од хипертензија, но и од хронични болести на распираторните органи.

Луѓето кои живеат во близина на зеленило и паркови се заштитени од срцеви болести, мозочен удар и предвремена смрт, велат резултатите од најновото истражување на гореспоменатиот Универзитет.

На испитаниците, за време на студијата континуирано им се правени анализи на крвта и урината, кои покажале дека луѓето кои живеат во шума, односно зелени подрачја, имаат поздраво срце и поголем капацитет за обновување на крвните садови, како и помалку стрес, што ги сочувало нивните метаболички процеси.

Ова важело за сите испитаници, без оглед на нивната возраст, етничка припадност, употреба на лекови, па дури ни дали се пушачи.

Истражувачите велат дека ова откритие ја истакнува важноста на пристапот на зелените површини за сите, особено за населението во големите градови, што многу често се игнорира, кога се градат нови урбани целини.

Жителите на метропола без доволо парков, многу често боледуваат до хипертензија, но и од хронични болести на респираторните органи како астмата, предупредуваат експертите.

Треба да знаете
Последни објави