Search

Ексминистерот Беџети одбивал да ја потпише екстрадицијата за Исмаиловиќ и Демири

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм”, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Ова e една од бомбите која беше пуштена во судницата. Вво прислушкуваниот разговор се слушаат  Љупчо Тодоровски-Радникот и Сашо Мијалков. Тодоровски прашува: „Како да му напраиме притисок на овој?” , а Мијалков го прашува: “Јавно кажал ило не?”

Тодоровски вели дека Билјана Бришковска Бошкоски му ги дала документите за екстрадиција, но тој уште не потпишувал. Мијалков на тоа вели дека ако тоа е така, тогаш тоа е злоупотреба на функцијата.Во друг телефонски разговор од 2013 година, Блерим Беџети на телефонаки повик ѝ одговара на Јанкулоска дека барањето за екстрадиција ќе го пушти следниот ден до властите во Приштина. Јанкулоака му вели дека притисокот на јавноста е огромен и дека новинарите секој ден се интересираат за случајот.Јанкулоска дополнително на Беџети му вели: „Сеа најдругарски збориме, може вие калкулирате и за изборите”, а Беџети ѝ одговара дека е добро пред изборите да нема судско рочиште за предметот, а тој ќе го пушти барањето за екстрадиција.

“Пред да го пуштиме за Приштина, некако да се презакаже”, ѝ кажува Беџети на Јанкулоска.

Во останатите разговори Јанкулоска разговара со министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Беџети да му заблагодари што ги пронашле лицата кои се обвинети за „Монструм”. Сашо Мијалков пак, разговара со Драган Павловиќ Латас за да го извести дека двајцата обвинети за „Монструм” се уапсени на Косово и дека има ексклузивна вест. Во судот денеска беа пуштени 25 бомби.

Треба да знаете
Последни објави